MK_MKT_PHO_TONDACH_POKRIV_KAPATA_NASTRANA_7

Колку чини еден Tondach покрив?

Ќерамидите, дрвената конструкција, видот и формата на покривот, покривните додатоци, мајсторската изведба... – што сè треба да знаете за да дојдете до цената на вашиот покрив

„Колку чини да се направи еден Tondach покрив?“ е едно од најчестите прашања што ги добиваме. И сосема оправдано, бидејќи знаеме дека покривот е голема инвестиција, којашто треба да трае со децении.

За да можеме да ви помогнеме да дојдете до одговорот на вашето прашање, направивме список на сите работи што треба да ги земете предвид при планирањето на буџетот за градење на вашиот нов покрив. 

Ќерамидите се важен, но не и единствен трошок

30% во просек за ќерамиди

Во просек, околу 30% од вредноста на еден покрив оди на ќерамидите. Секако, ова може да варира во зависност од видот на ќерамиди за кои ќе се одлучите, но доколку решите покривот да го правите од квалитетни природни глинени ќерамиди, процентот ќе биде тој.

Ние во „Винербергер“ сме производители на ќерамидите Tondach и нашата експертиза завршува тука. Токму затоа, нашите ќерамиди може да ги набавите преку складиштата со кои соработуваме, кои нудат и достава до вашиот објект.

Дрвената конструкција има големо влијание врз цената

новаградба или реновирање

Еден од најважните фактори при добивањето на вкупната цена на покривот е дрвената конструкција. Притоа, важно е дали станува збор за новоградба или реконструкција:

·       кај новоградба: се изработува целосно нова конструкција, што претставува значителен дел од инвестицијата;

·       кај реконструкција: често постои можност да се искористи старата конструкција доколку е во добра состојба и во тој случај, трошокот може значително да се намали.

Затоа, две куќи со иста квадратура можат да имаат сосема различна цена за покривите.

MK_MKT_PHO_TONDACH_POKRIV_KAPATA_NASTRANA_7
штрк со поглед кон својот дом

Видот и формата на покривот влијаат на цената

Сите покриви не се исти. Многу полесно и побрзо може да се изведе едноставен двоводен покрив, додека покомплексни форми со повеќе косини, отвори, оџаци и покривни прозорци бараат повеќе материјал, повеќе време и посложена монтажа. Значи, колку е покривот покомплексен, толку повеќе ќе чини.

Покривните додатоци се дел од комплетниот систем

За правилно функционирање на покривот потребни се и дополнителни елементи, како што се вентилациски елементи за стреа, заштитни решетки за птици, вентилациска лента за било/гребен, паропропусна фолија, снегобрани, олуци итн.

Овие компоненти мора да ги земете предвид при првичната пресметка, затоа што се неопходни за квалитетен и долготраен покрив.

Мајсторската изведба е клучна

за добар покрив

И најквалитетната ќерамида нема да даде добар резултат ако монтажата на покривот не е професионално изведена. Мајсторската работа има голем удел во вредноста на покривот бидејќи од неа зависат стабилноста, вентилацијата и трајноста на целиот систем.

А токму на добрите мајстори, кои стануваат дефицитарни во Македонија, ќе оди најголем дел од вашиот буџет – и до 40%. Наоѓањето добри мајстори е навистина голем предизвик и затоа тимот на „Винербергер“ е тука да ви ги препорача тимовите со најдобри мајстори во вашиот регион.

Сè што треба да направите е да ги контактирате нашите колеги задолжени за продажба во вашиот дел од земјата ТУКА

MK_MKT_PHO_TONDACH_POKRIV_KAPATA_NASTRANA_5
Contiton 12

Зошто не можеме веднаш да кажеме точна цена?

Кога се планира нов покрив, важно е да се гледа целата слика. Ќерамидите се видливиот дел, но зад нив стојат конструкција, заштита, додатоци и професионална изведба.

И, можеби не можеме да кажеме точна цена за целиот покрив, но можеме да кажеме точно кои ќерамиди треба да ги одберете. Природните глинени ќерамиди Tondach се препорака зад која цврсто стоиме.

Продажба