Реновирање на покривот

Како најдобро да ја испланирате 2025-та година?

Планирајте ги патувањата, летниот одмор и реновирањата. Ама ако треба да го реновирате покривот, ставете го на прво место и почнете од него!

Убаво е животот да го живееме не размислувајќи за ништо друго освен за сегашните моменти. На тој начин ние сме максимално присутни и фокусирани на тоа што го правиме и градиме силни врски со нашите најблиски.

Меѓутоа, сите знаеме дека таквиот начин на живот доаѓа само ако си ја завршиме „работата“ со краткорочното и долгорочното планирање.

А, бидејќи сега се наоѓаме на почетокот на годината, ова е вистинско време за да направите план за 2025 година. За таа цел, подготвивме водич за најголемите и најважните работи што треба ги планирате на почетокот на годината. 

1. Патувања и летен одмор

Подготовка за патување
Подготовка за патување

Патувањата и, најважниот, летниот одмор е нешто што се планира на почетокот на годината. Раните резервации и за сместување и за летови се секогаш поевтини, а испланираните патувања и одморот во текот на годината можат да ви служат како дополнителна мотивација за работа и да ви го намалат стресот што го носи планирањето во последен момент. Ако успеете во јануари да ги испланирате, полесно ќе ви биде во текот на годината да ги усогласувате со нив сите други активности. 

2. Внатрешно реновирање

Внатрешно реновирање
Внатрешно реновирање

Доколку подолго време размислувате да го смените мебелот или да направите поголеми зафати за реновирање на домот, почетокот на годината е вистинско време за планирање. Од една страна, новата година носи нови трендови во дизајнот на ентериер, што ви овозможува увид во тековната мода. А од друга, можете да испланирате во кој месец најмногу ќе ви одговара да се зафатите со тоа и уште сега да ги договорите луѓето или фирмите кои ќе ги најмите за да го изведете реновирањето. 

3. Надворешни проекти

Надворешни проекти
Надворешни проекти

Приодот од портата до влезната врата плаче за поплочување? Секој поглед кон оградата ве потсеќа дека време ѝ е да се бојадиса повторно? Чистејќи го замрзнатиот автомобил секое утро си велите дека можеби конечно треба да ја изградите гаражата што отсекогаш сте ја посакувале? Направете список на сите овие работи и план во кој месец што би требало да направите и веднаш ќе ви биде полесно.  

4. Реновирање на покривот

Реновирање на покривот
Реновирање на покривот

Иако на овој список е ставено последно, во суштина, реновирањето на покривот, доколку домот има потреба од него, е најважното нешто што треба да се планира на почетокот на годината. Во месецот кога знаете со колкав буџет располагате и уште колку можете да заштедите до пролет, кога е одлично време за реновирање, имате време да направите детален план:

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Корисни објави

Продажба