Како да го освежите домот оваа пролет?

Како да го освежите домот оваа пролет?

Пролетта е годишно време кога природата е разбудена, деновите се сè подолги и сите сме сè пополни со енергија. Затоа, таа е совршено време за освежување на домот – и однатре, и однадвор.

За таа цел, го подготвивме овој инспиративен водич, кој ќе ви покаже како да му вдахнете нова енергија на домот и да го подготвите за топлите денови кои доаѓаат. 

Пролетно чистење

Сите знаеме дека пролетта е идеална за генералки. Пролетното чистење се прави токму овој период, затоа што долгите студени денови во домот се таложела нечистотија, а сега температурата одговара за потешка физичка работа со отворени врати и прозорци. Трите главни работи што можете да ги направите во ова ваше пролетно чистење се следниве:

1. Отстранете ја зимската нечистотија – почнете од завесите, теписите и прекривките. Тие во себе задржуваат прашина, алергени, бактерии, мртви клетки и непријатни мириси. Нивното чистење со перење или со пареа е голем чекор за освежување на домот.

2. Реорганизирајте го просторот – со текот на времето, на сите ни се натрупуваат по дома многу работи што ретко ги користиме. Гардероберите, фиоките и сите останати места за складирање се преполнуваат и само еден ден да посветите на вадење на вишокот, веднаш ќе почувствувате големо ослободување.

3. Внесете повеќе светлина – исчистете ги темелно прозорците и ролетните. Толку малку е потребно за во домот да влезе повеќе светлина.

Ситни поправки внатре

список на работи кои треба да се поправат

Малите проблеми што се јавуваат кај мебелот или кај другите работи во домот знаеме да ги игнорираме, но колку повеќе се насобираат, повеќе ни пречат во секојдневието. За поткршената рачка на вратничката во кујната или за избледената боја на наткасната може да не е потребен голем труд или пари за да се средат, но потребна е добра организација.

За таа цел, направете список на сите работи што треба да се поправат. Потоа, поделете го списокот на работи што можете да ги направите сами и на работи за кои треба да ангажирате мајстор. На крај, направете план што и кога би средувале вие и кој мајстор кога можете да го договорите да дојде.

Веруваме дека во рок од две недели можете да ги средите сите ситни работи што ви пречат, а кога сè ќе се среди, ќе се прашувате како сте можеле толку долго да чекате.

Крупни проверки надвор

Домот не е само внатрешноста. За да се чувствуваме пријатно и сигурно во него, подеднакво се важни и сите елементи кои ја сочинуваат самата градба. Главните места што треба да ги проверите по зимата се:

·  Покривот и олуците – проверете дали има оштетувања на ќерамидите и на покривната конструкција од снегот, дождовите и бурите. Исчистете ги олуците од лисја и други нечистотии.

·  Фасадата и прозорските рамки – ако има пукнатини некаде на фасадата, повикајте мајстор да интервенира, затоа што тоа може да доведе до влага и мувла во домот. Истото се однесува и на прозорските рамки.

·  Влезната врата и терасите – проверете дали е сè во ред со нив. Ако нема никакви проблеми, секогаш можете да ги освежите со нови растенија, ново килимче или интересни светилки. 

Подготовка на дворот за летото

Со доаѓањето на потоплото време, дворот и терасата стануваат места каде што ќе поминувате поголем дел од времето кога сте дома. Затоа, пролетта е вистинското време да ги разубавите.

Извадете го мебелот за во дворот – масите, столовите, перничињата, лежалките, тендите... Сега можете убаво да ги проветрите и да ги измиете и исперете доколку им е потребно тоа. Засадете и нови сезонски цвеќиња и декоративни растенија и, на крај, погрижете се за осветлувањето. Можете да поставите нови светилки кои работат на соларна енергија, фенери или топчести висечки светилки, за вечерна магија во дворот.

За пролетното освежување во домот не морате да потрошите премногу време и пари. Убавината се крие во малите работи, а со доволно ентузијазам и фокус на деталите – освежувањето ќе биде загарантирано. 

Landing page cover mk voucher campaign Tondach

 ПРОМОТИВНО

Добијте ваучер од 100 евра за НОВ Тондах покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете сѐ за Newsletter

Не пропуштајте ги нашите промоции и новитети

Слични статии

Продажба