Станот на таван, поткровјето за кое веќе подолго време сонувате може да стане стварност навистина бргу, со соодветна грижа околу изградбата на најважниот фактор – покривот.
Станот на таван, поткровјето за кое веќе подолго време сонувате може да стане стварност навистина бргу, со соодветна грижа околу изградбата на најважниот фактор – покривот.
При размислувањето за крајното уредување на просторот во кој ќе поминувате толку многу време и кој целосно ќе се разликува од класичните, помислете и на тоа дека е премногу важно да направите покрив од квалитетни материјали и иновативни решенија, кои гарантираат долга и среќна низа години квалитетен живот под покривот.
Додека уживате во топлите зимски ноќи со поглед на ѕвезденото небо, нема да мора да размислувате за висината на сметките ако во изработката на покривот сте ги користеле паметните решенија на Tondach, било да сте го граделе одново покривот или да сте го подобрувале постојниот.
Воздухот кој е заробен под повеќеслојните мембрани со вистинска покривна фолија станува совршен изолатор кој дава топлина, а има и други добри карактеристики. Фолијата, која од горната страна е водоотпорна, а од долната пропушта пареа, ќе го штити вашиот дом од врнежи и вишокот пареа ќе ја изнесе од просторот. Со тоа целосно се решава проблемот со кондензацијата, која со текот на времето создава мувла и може да предизвика распаѓање на покривната конструкција.
Глинената ќерамида, билата и керамичкиот прибор, совршено штитат од невреме намалувајќи го ризикот од штета. Страничното затворање на покривот успешно го решаваат рабните ќерамиди на Tondach, кои ја штитат покривната конструкција и фасадата од врнежи. Целата палета на ќерамиди визуелно ќе прикрие дека дури сега сте ги откриле овие материјали и со тоа сте го подобриле и усовршиле својот покрив.
Естетиката може да оди рака под рака со економичноста. Тоа најдобро го покажува атрактивната глинена ќерамида чија порозност ја собира влагата од воздухот и ја одведува од вашето поткровје во атмосферата.
Големите количества снег секогаш претставуваат опасност за покривот, затоа што нивната тежина е големо оптоварување, додека лизгањето на снежната маса навистина може да биде опасно. Снегобраните Tondach со својот дизајн се невидливи и овозможуваат заштита без да го нарушуваат изгледот на покривот.
Посебноста на живеењето на поткровје овозможува совршен поглед кон небото, чувство на безгранична слобода. Секој што живее на поткровје и има можност за вградување на излезен покривен прозорец, треба да го направи тоа. На тој начин ќе има директен пристап кон покривот и кон оџакот, со уште еден дополнителен извор на светлина.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас