Tondach campaign Landing Hero Image

И да врне, и да вее, покривот Tondach да е

Нашите покривни решенија од Tondach, кои се број 1 во Европа, ви стојат на располагање. Изградете квалитетен и сигурен покрив за вашиот дом, отпорен на сите временски услови. 

Сигурноста е една од најголемите потреби на човекот. Барајќи заштита од надворешните услови, секогаш сме во потрага по најдоброто. Кога студи, сакаме да сме облечени во најтоплата облека, кога има снег ни требаат најнепропустливи обувки, а кога ќе заврне сакаме да имаме при рака најсигурен чадор.

На истиот начин се грижиме да го заштитиме и нашето семејство, обезбедувајќи дом кој ќе биде сигурен, што се вели: И да врне, и да вее... Знаејќи го тоа, ние велиме: И да врне, и да вее, покривот од Tondach да е!

Доколку вашиот покрив појавува знаци на несигурност и знаете дека е неопходно да го реновирате – тука е Tondach! Tondach е тука и ако градите нов покрив да ви понуди комплетно решение. 

Што добивате избирајќи Tondach покрив

RS_MKT_PHO_REF_TON_SFH_Zrenjanin_5

Избирајќи покрив од Tondach сега, ви нудиме единствена можност да добиете вредносен ваучер од 50 евра за реновирање или за вашата нова градба. Регистрирајте се СЕГА и искористете го ваучерот до крајот на 2021 година

Наша препорака: Изберете ја македонската ќерамида Винеам

Зошто Винеам?

Винеам е целосно природна глинена ќерамида, направена со користење на најквалитетна македонска глина и со најсовремени технологии за нејзина прецизна обработка. Ќерамидата се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината. Глинените ќерамиди се ненадминливо супериорни во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. Тие се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.

 

Tondach
Винеам антрацит

Винеам - премиум покривна ќерамида

Винеам е нова генерација на глинена ќерамида. Со врвна технологија се нанесува заштитна енгоба на површината на ќерамидата, се пече на над 1.000 степени и се формира цврста неделива целина. Со тоа не само што се подобрува естетскиот изглед на покривот туку и се намалува впивањето на водата, се зголемува отпорноста од временските неприлики и се обезбедува докажана издржливост.

Винeам нуди  избор на бои кои можат да излезат во пресрет на сите естетски очекувања и вашиот покрив да го направат израз на вашиот вкус. Покривот, како петта фасада на куќата, ќе ги привлекува погледите на сите минувачи, а под него вие ќе можете безбедно и трајно да се гордеете.

Идните генерации ќе ви бидат благодарни!

Reference photo new construction single family in Baal
Reference project
© Wienerberger NV/SA

Како да добиете ваучер од 50 евра?

Ваучерот е наменет за луѓе со сериозна намера да го реновираат својот покрив или да градат нов дом до крајот на годината.  

Ваучерот може да се реализира со набавка на минимална количина од 1.500 ќерамиди Tondach, единствено од страна на лицето на чие име е ваучерот и за објекти што ќе се градат во 2021-ва година во Македонија. Може да го добиете регистрирајќи се на следниов линк.

Добиениот ваучер е потребно да се отпечати и да се реализира исклучиво на продажните места - партнери на Винербергер.

Ваучерот е за еднократна употреба и може да се искористи до крајот на 2021 година, заклучно со 31.12.2021.

Сите дополнителни информации се наведени во Општите услови за регистрацијата.

Tondach

Вредносниот ваучер од 50 евра е наменет за купување на Tondach ќерамиди и може да се искористи до крајот на годината.

Дали ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што е најблиску до вас

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии