Семејна куќа со Антацит ќерамиди Тондах

Винеам - Поглед кон иднината

Винеам е нова генерација на целосно природна глинена ќерамида. Со векови глинените ќерамиди имаат докажана супериорност во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. 

Family house
Семејна куќа со Tondach Антрацит ќерамиди

Со врвната технологија за нанесување заштитна енгоба на површината на сувата ќерамида, со печење од над 1.000 степени, се формира цврста неделива целина. Со тоа не само што се подобрува естетскиот изглед на покривот туку и се намалува впивањето на водата, се забрзува одводот на дождот и се обезбедува докажана издржливост.

 

При печењето се користи исклучиво природен гас како единствено еколошко гориво без ефект на загадување на околината и на самиот производ. Совршената површина на ќерамидата изработена со оваа технологија, која е видлива и со голо око, се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината.

Оптимално решение за покрив со наклон

Тондах нуди оптимални решенија за покриви со различно накосување и обезбедува сè што е неопходно за покривот да добие нов изглед и да се подобрат неговите карактеристики со што може нормално да ги извршува своите заштитни функции. 

Тондах Антрацит ќерамида
Тондах Винеам Антрацит

Tondach Винеам веќе и во црна боја

Tondach Винеам – Антрацит совршено ќе се вклопи во смелите и модерни архитектонски решенија. Оваа ќерамида, освен што е убава и со модерна боја, исто така е трајна, отпорна и квалитетна.

Нејзината убавина не бледнее зашто енгобата има заштитно својство што ја прави ќерамидата отпорна на УВ-зрачење и на други природни влијанија. Многу лесно се вклопува во модерни градби со рафинирани или дискретни фасади, бидејќи апсолутно одговара на секој тренд.

Црното е синоним за елеганција и стил, така што вашиот покрив може да биде „покрив со стил“.

Вашиот покрив нека биде привлечен за окото на секој минувач. Tondach Винеам – Антрацит ќе ви овозможи да имате безбеден, долготраен и убав покрив со кој ќе се гордеете.

Бидете спокојни за квалитетот, имате гаранција од 33 години.

Идните генерации ќе ви бидат благодарни!

 

Глинените ќерамиди може да се употребуваат:

  • За семејни куќи, станбени згради, деловни и јавни објекти;
  • За двоводни покриви каде накосувањето може да се избере во зависност од регионалната клима за да се постигне оптимална заштита од врнежи, товари од снег или ветер;
  • Како облога на фасади;
  • За реновирање и нови градби; и
  • Од историски градби па сè до модерни семејни објекти.

Искористете ги сите предности:

  • 33 години гаранција
  • Безбедност без потреба од постојано одржување
  • Трајна вредност за генерации
  • Еколошки производ

Погледнете го видеото зошто да го одберете Tondach:

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии