Dad with daughter at home

Иднината се гради паметно

Домот треба функционално да ги задоволи сите потреби и барања на инвеститорот, да биде место каде ќе се чуствува опуштено и исполнето. Местото од соништата може да биде токму Вашиот дом!

Покривот е еден од најбитните елементи на домот. Покривот денес е петтата фасада која го дефинира архитектонскиот израз и обезбедува возбудлив визуелен ефект. Со модерни формати, минималистички дизајн, како и чисти и прави линии, ќерамидите на Tondach даваат одговор на најмодерните барања на модерната архитектура. Дополнителните елементи со кои се нуди системско решение и функционалност, се овозможува комплетен одговор на сите барања за да се добие посакуваната вентилација на покривот. На овој начин се добива уникатен градежен израз, кој совршено ќе се вклопи во модерната архитектура и во непосредната урбана средина.

Image
Удобност во домот
© Geber86

Објектите ориентирани кон иднината се оптимизирани во однос на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, изборот на материјали и функционалноста. Сепак, најпрво треба да се размислува за основната цел на секој дом а тоа е удобен и здрав живот. Примарните услови за висок квалитет на живот се фокусираат на создавање на чувство на благосостојба. Се разбира, домот мора функционално да ги задоволи сите потреби, да ја исполни секоја желба на инвеститорите и да се прилагоди на сите барања на домаќинството. Градењето на домот со Винербергер, барањата на секој инвеститор може да се остварат, домот ќе стане место каде ќе се чувствувате опуштено и исполнето. Домот ќе биде место за подобра иднина на нашите деца, место каде што тие ќе можат слободно да играат, да учат и да го развиваат својот целосен потенцијал.

Современите животни трендови, но и промените што се случуваат низ целиот свет, ќе не принудат во иднина да го менуваме нашето секојдневно однесување, работа, но и домување. Семејните домови ќе станат посакувано место за побезбедна и поздрава животна средина. Особено кога знаеме дека пријатната температура и оптималното количество на влага во домот значително и поволно влијаат на концентрацијата и работната способност во текот на денот, а ноќе обезбедуваат мирен сон.

Идеална животна средина може да се пронајде на некое крајбрежје, спокојно село но и во градско опкружување. Без оглед на климата и локацијата, Вашиот дом може да биде место од соништата. Отворените дневни простории, големите панорамски прозорци и минималистичките детали ќе придонесат за смирувачка и опуштена атмосфера. Домот изграден со квалитетни градежни материјали ќе овозможи природната светлина да функционира, ќе биде целосно во хармонија со природата и ќе обезбеди долготраен квалитет на домување за идните генерации.

Уникатна употреба на ќерамиди

Модерен пристап за покрив и фасада

Холистичкиот пристап кон градежништвото воведе промени во начинот на градење, земајќи ги во предвид одржливоста, социјалната одговорност, економската одржливост, заштитата на животната средина, и здравјето на крајните корисници. Примарна цел е да се добијат долготрајни објекти со голема вредност, со ниски трошоци за одржување, намалена потрошувачка на енергија и вода, намалени емисии на СО2. Како одговор на овие барања се наметнуваат природните градежни материјали како што глинени тули и ќерамиди.

Илјадници години наназад елементите оган, вода, воздух и почва се комбинираат за да се создадат градежни материјали со неспоредлива корисност и привлечност. Од Месопотамија и Египет, преку античка Грција и Рим, па се до денес, тулите и ќерамидите обезбедува безбеден дом и одлична заштита на сите временски услови. Употребата на најсовремени технологии, специфична рецептура и технолошко совршенство, денес е гаранција за создавање енергетски ефикасни, иновативни, одржливи тули и ќерамиди кои се погодни и за современите проекти но и за традиционалната архитектура.

Совршената функционалност на глината се гледа при нејзината применливост во целиот објект. Од носечки и преградни sидови преку тавански системи па сè до фасадата и покривот, се создава идентитет и траен печат на објектот. Оваа применливост и слобода во градењето не е обезбедена од ниту еден друг градежен материјал, така што тулите Porotherm и ќерамидите Tondach кои не само што ги следат трендовите, туку и ги поставуваат.

Фасадната тула Terca ќе му овозможи на архитектот различни комбинации на традиционалната и модерна архитектура, но и бесконечни можности за креативност и создавање на амбиенти со незаменлив карактер и уникатен шарм.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали Ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријава за Newsletter

Дознајте ги нашите најнови вести, производи, статии и промоции.

Слични статии

Продажба